После Николче Шаркоски, повратникот во Првата лига, тимот на Пелистер успеа да се засили и со Филип Тодороски (21). Станува збор за фудбалер кој може да игра на повеќе позиции а најдобро се снаоаѓа на левата офанзивна крилна позиција и како офанзивен играч за врска.
Инаку Тодороски во Пелистер доаѓа од тимот на Воска Спорт, а претходно играше за Работнички и Победа Прилеп.