Стајиќ се враќа во Пелистер?

228

Бојан Стајиќ по една година пауза најверојатно повторно ќе се врати во Битола. Искусниот плејмејкер ја раскина соработката со Работнички поради неисплатени обврски на најтрофејниот клуб кон него.

Според нашите информации Пелистер повторно е во игра за неговите услуги, клубот од каде што дојде во редовите на „црвено-белите“. Битолчани во следната сезона ќе бидат дел од АБА2-лига, па искуството на Стајиќ ќе биде добредојдено.

Стајиќ минатата сезона одигра 31 натпревар, а имаше просек од 7,1 поени и 3,4 асистенции.

ПретходноПартизан во Алба ја најде замената за Пантер
СледноКопа Америка: Уругвај со „петарда“ до четвртфинале, Панама ги изненади САД (ВИДЕО)