Стојановиќ со сребро на Светската младинска карате лига

82

Каратистот на Макпетрол, Стефан Стојановиќ го освои сребрениот медал на турнирот од Светската младинска карате лига (У21) што се одржува во Пореч, Хрватска. Во финалето во категоријата над 84 килограми тој загуби од Египќанецот, Хусин Камел Хасан.
Конечниот резултат беше 0:0, но по судиска одлука златото му припадна на Хасан, а за македонскиот каратист сребрениот медал.
Инаку на патот до медалот Стојановиќ ги победи Зеленика (Хрватска) со 1:0, Абделбаки од Египет со 1:0 и Касаинов од Украина со 4:0. Во полуфиналето со 2:0 го совлада Зајед Албиши од С.Арабија.

ПретходноТимовски се врати во Силекс
СледноСветскиот првак со Германија ја заврши кариерата и „заплива“ во тренерски води