Суперкомпјутерот на ОПТА покажува – Англија и понатаму е фаворит за титулата

99

Англиската фудбалска репрезентација и понатаму е број 1 за освојување на европската титула во Германија, покажува ОПТА, специјализираниот сајт за фудбалска статистика. Суперкомјутерот на ОПТА го симулираше расплетот на нокаут фазата на ЕП 2024, а Англија и останува фаворит за титулата.
Пред турнирот, шансите на Англија за титулата беа 19,9%. И покрај тоа што не импресионираше во групната фаза, шансите за Англија за титулата сега се 20%. На второто место е Шпанија со 17,2% шанси за титула.
Следуваат Германија со 15,8%, Франција со 13,8%, Португалија 8,3%, Холандија 6,7%, Италија 4,9%, Австрија 3,9%, Белгија 2,3%, Швајцарија 2,2%, Турција 1,8%… Најмали шанси имаат Грузија 0,3% и Словенија заедно со Словачка по 0,4%.

ПретходноПелистер го договори и Филип Тодороски!
СледноВо пријателски меч младинците подобри од Словачка!