Тимовски се врати во Силекс

271

Десниот бек Ангелче Тимовски си замина од Гостивар и како слободен фудбалер се врати во Силекс, клубот во кој ја почна фудбалската кариера.
„Тимовски за нашиот клуб има досега настапено над 200 натпревари, на кој има запишано 18 асистенции и постигнато 3 гола во Прва МФЛ.“, соопштија од Силекс.
Тимовски освен за Силекс и Гостивар има играно и за Шкупи и Победа од Прилеп.

Toj e вториот фудбалер кој го засилува Силекс оваа недела. Пред него дојде искусниот напаѓач Ален Јашаровски.

ПретходноИзненадувачки Пабло Ласо си замина од Баерн (М)
СледноСтојановиќ со сребро на Светската младинска карате лига