Екипата од Дубаи која следната сезона ќе дебитира во АБА лигата веќе започна со засилувањата за новата сезона. Првите двајца нови кошаркари на овој клуб ќе бидат Немања Дангубиќ и Леон Радошевиќ.
Станува збор за двајца многу искусни кошаркари, кои имаат богато искуство играјќи и во најсилното европско натпреварување. Дангубиќ е познат како играч на српските клубови Мега, Ц. Звезда и Партизан, додека последните две сезони ги мина во Грција.
Од друга страна, Леон Радошевиќ стартуваше во Цибона, играше за Армани, потоа Литвос Ритас, Алба Берлин, Бешикташ, Бамберг, Баерн и Тортона.