УЕФА ги “одра“ Хрватите со казна од 105.000 евра!

208

Со одлука на Дисциплинската комисија на УЕФА, Хрватска односно ХНС е казнет со неверојатни 105.000 евра. Инаку ова не е прва парична казна за Хрватите на ова ЕП, но ова е најголема и тоа поради инцидентите кои ги предизвикаа фановите на Хрватска на мечот со Италија.

ХНС ќе мора да плати 45.000 евра поради фрлање на предмети на теренот, потоа 30.000 евра поради “баљи“ и 30.000 евра поради непримерно скандирање или вкупно 105.000 евра само за мечот со Италија на кој Хрватска прими гол во 90+8.минута со кој беше елиминирана од ова ЕУРО.

ПретходноВо пријателски меч младинците подобри од Словачка!
СледноНовак со моќна порака: „Одиме Вимблдон…“, а потоа победи во егзибициски меч! (ВИДЕО)