Хамшик раскажа случка со македонски навивачи (видео)

1785

Поранешниот словачки репрезентативец Марек Хамшик раскажа за случка со македонски навивачи кои барале од него да ги фотографира. Тие не го препознале се додека не виделе на Гугл дека се работи за еден од најдобрите словачки фудбалери, екс-ѕвезда на Наполи и соиграч на Горан Пандев.
Има моменти кога луѓето не ме препознаваат (без мохавк фризурата). Пред некој ден шетав и група македонски навивачи бараа да ги фотографирам. Го направив тоа и потоа им реков дека се знам со нивниот капитен Горан Пандев. Ми рекоа, како е тоа можно… Не ми веруваа и потоа проверија на Гугл, па ме препознаа. Потоа направивме и заедничка фотографија“, изјави Хамшик.

ПретходноСветскиот првак со Германија ја заврши кариерата и „заплива“ во тренерски води
СледноМладинките загубија од Кина и завршија на 16. место на СП (ФОТОГАЛЕРИЈА)