По многу шпекулации, Новак Ѓоковиќ сепак, одлучи да настапи на претстојниот Вимблдон кој е закажан од 1 до 14 јули, а прв ривал на најдобриот српски тенисер на турнирот ќе биде чешкиот тенисер Вита Коприва.
Новак Ѓоковиќ беше поставен за втор носител на турнирот, кој го освои седумпати во кариерата, а по волја на ждрепката до финалето ги избегна Карлос Алкараз и Јаник Синер.
Според предвиденото, во четвртфиналето Новак би можел да се сретне со Хуберт Хуркач, додека во полуфиналето би можел да ги одмери силите со Александар Зверев.
Титулата во машка конкуренција ја брани Карлос Алкараз, кој во ланското финале го совлада Новак Ѓоковиќ, додека актуелен шампион во женска конкуренција е Маркета Вондрушова.