Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот ќе ја предводи Србија на претстојните ОИ во Париз. Повеќе од јасно е дека селекторот Светислав Пешиќ има моќен тим. Покрај Јокиќ тука се и Мициќ, Богдановиќ, Милутинов, Аврамовиќ…
Дали тоа ќе биде доволно да се победи страшната селекција на САД останува да се види.
Инаку денеска сите овие ѕвезди одговараа на прашањето што би биле ако не се кошаркари, Јокиќ имаше интересен, но и очекуван одговор:
„Коњушар, ете тоа би бил“ кажа најдобриот кошаркар во светот како што може да се види од видеото.
Svetislav Pešić: We need to start by creating chemistry
Chemistry:pic.twitter.com/HkUUxSJnc3
— NBA Serbia (@NBASrbija) June 27, 2024