Германскиот фудбалер Шкодран Мустафи одлучи да стави крај на фудбалската кариера на 32 години. Светскиот шампион со Германија е без клуб од 2023 година откако го напушти шпанскиот Леванте, размислуваше дали да ја продолжи кариерата, се бореше и со повреди но на крајот одлучи да се пензионира и да се сврти кон нов предизвик.
Мустафи играше уште за Хамбургер, Сампдорија, Валенсија, Арсенал и Шалке.
Тој ќе остане во фудбалот и тоа како помошник во У17 репрезентацијата на Германија. Потоа ќе полага за потребната УЕФА лиценца за да може да работи во некој клуб.