Скалони заработи суспензија од еден меч, причината е бизарна

179

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони е суспендиран на еден натпревар и ќе го пропушти последниот дуел од групната фаза на Копа Америка во сабота против Перу.

Скалони беше суспендиран затоа што фудбалерите на Аргентина доцнеа во второто полувреме од двата натпревари на Копа Америка, против Канада и Чиле.

Во двата меча, бранителот на титулата Аргентина победи и пред крајот на колото обезбеди пласман во нокаут фазата.

Прописите на Копа Америка наведуваат дека играчите мора да бидат на теренот во точното време по паузата на полувремето и ќе бидат опоменети за првата грешка.

Канадската репрезентација упати јавна жалба за доцнењето на фудбалерите на Аргентина.

На Аргентина и треба реми против Перу за теоретски да го обезбеди првото место во групата А.

ПретходноДенеска на ЕУРО: Почнува нокаут фазата, Италија против Швајцарија, “панцерите“ на мегдан со Данска!
СледноОставка од 1.000.000 евра, Пикси не се откажува од Србија?