Селекторот на хрватската кошаркарска репрезентација, Јосип Сесар избра 12 играчи со кои ќе замине за Атина, каде за три дена започнува олимпискиот квалификациски турнир. Горан Филиповиќ, Борна Капуста, Џејлин Смит, Филип Крушлин, Марио Хезоња, Матео Дрежњак, Тони Накиќ, Дарио Шариќ, Дарио Дрежњак, Ивица Зубац, Данко Бранковиќ и Иван Вранеш ќе ја преставуваат Хрватска во трката за место на ЛОИ во Париз.
Хрватска на турнирот во Грција учествува во групата А со Словенија и Нов Зеланд, а во групата Б се Египет, Грција и Доминиканската Република. Двете групи ќе играат во грчкиот град Пиреја. Олимписките претквалификациски турнири ќе се играат од 2 до 7 јули 2024 година, а само победниците на секој турнир ќе обезбедат место на Олимпијадата во Париз.