Иако на мала врата и без еуфорија во ФК Шкупи од денеска е работно, со тренинзи и со планови за новата сезона. Нивниот турски спонзор Ајдин Олгун, беше во Скопје се изнаслика и почна мисија дека нема да се откаже од клубот и дека ќе биде на чело на чаирчани и во новата сезона.
Иако најави заминување – Ернест Ѓока останува на клупата на Шкупи. Тој ја имал прозивката иако не е јасно со кои фудбалери и колку од ланскиот состав ќе останат во екипата. Се знае дека Кристијан Трапановски како слободен играч замина во Данди јунајтед, Дарко Илиески во Истиклог од Таџикистан, Тошевски во Брера, Воша во Струга а странците како Гронер и Едмундсон се слободни фудбалери. СпортСпорт дознава дека на Чаир има 15 играчи од Африка и Латинска Америка и тие се борат за трансфер во Шкупи. Згора на тоа направен е и список на слободни играчи од Македонија кои веќе биле контактирани. Покрај стартот на подготовките пуштена е и плата на сметката што значи дека играчите кои имаат договор може да сонуваат документи а пред се тоа се стоперите Пинтер и Рватубае за кои имаше голем интерес од многу екипи од земајава и од странство.