Бањаја доминантно до пол-позиција и рекорд на Аспен

64

Возачот на Дукати, Франческо Бањаja во доминантен стил ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Холандија, осма од овогодинешниот Мото ГП шампионат.

Трикратниот светски шампион постави нов рекорд на патеката „Асен“ со време од 1:30.540 минути. Мартин беше најблиску до Бањаја, а на двајцата во првиот ред ќе им се придружи Маверик Вињалес на Априлија.

Финишот на квалификациите го одбележа и падот на Марк Маркез, кој со тоа беше преместен од вториот во третиот стартен ред, бидејќи на крајот заврши седми. Во редот пред него ќе бидат неговиот помлад брат и тимски колега од Гресини, Алекс Маркез, Алеш Еспаргаро и Фабио ди Џанантонио.

ПретходноВерстапен победи и на спринтот во Австрија
СледноФасулева направи трансфер во БиХ, Ричлиева оди во Финска