Германија ја “скрши“ Данска и се пласира во четвртфиналето! (ФОТО+ВИДЕО)

212

Германија – Данска 2:0 е епилогот од “лудиот“ осминафинален меч на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд вечерва. Па така со оваа победа “панцерите“ се пласираа во четвртфиналето. Се чини заслужено ако детално се анализира овој “луд“ меч во кој имаше од се по малку, па дури и прекин поради невреме.

Ова исто значи дека ќе го гледаме Тони Крос барем на уште еден меч, познато е дека германскиот репрезентативец истакна дека по ЕП ќе ја заврши својата играчка кариера.Image

Се започна со силна иницијатива на Германија, истата беше проследена со неколку шанси, закани, удари кон голот на Данска, но голманот Шмајхел едноставно правеше чуда. И кога тој притисокот не вроди со резултат, Данска од минута во минута играше се подобро и подобро. Сепак во 35.минута поради силно невреме судијата Мајкл Оливер го прекина мечот и тој прекин траеше речиси дваесетина минути.

Во тие десет минути од продолжението од првиот дел Данска се виде дека беше поопасна, а преку Хојлунд можеше својата селекција да ја однесе на пауза со предност, но сепак Нојер спаси и на пауза се замина со тие почетни 0:0.Image

Во второто полувреме и двете екипи влегоа решени да постигнат гол. И тој беше постигнат во 48.минута, Андерсен стрелаше за 0:1 за радост на данските фанови на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но славјето беше прекинато поради офсајд, така рече ВАР а милиметри беа во прашање. Не мина ни една минута кога ВАР на другата страна досуди пенал за Германија. Повторно Андерсен беше во главна улога.

Потоа од белата точка Хаверц постигна гол за Германија, за голема тага на Данците. Тоа беше гол за 1:0 за Германија. Следуваше уште една шанса за Хојлундм, Нојер пак спасуваше.Image

Казната стигна во 68. минута кога Мусиала стрелаше за 2:0, се чини дека тука се реши победникот на овој меч.

Во самиот финиш Вирц постигна гол за 3:0, но сепак поради офсајд истиот беше поништен.

Германија во 1/4 финалето ќе се сретне со победникот од средбата Шпанија – Грузија.

 

ПретходноХрватска со Хезоња, Шариќ, Зубац ќе се бори за место на ЛОИ 2024
СледноМилиметарски офсајд: Зарем е можно? Еве зошто ВАР го поништи голот на Андерсен за 1:0 за Данска!