Италија си оди дома. Европскиот првак нема веќе да ја брани круната и е елиминиран уште во осминафиналето. Италија беше фаворит со Швајцарија, но сепак се виде дека оваа Италија е далеку од она вистинското. Пораз во Берлин со 2:0, а по мечот селекторот Лучијано Спалети покрај другото истакна:
„Пред се одговорноста е моја. Сега на потег е претседателот на ФСИ Гравина, да видиме што тој ќе каже. Мислам дека во моментов толку можеме. Вториот гол на почетокот на второто полувреме едноставно не `пресече`. Разликата ја направи темпото, ние на моменти бевме инфериорни“ рече Спалети.
Дали со овие зборови тој најави дека е екс – селектор? Останува да се види.