Дашмир Елези (19), како што дознаваме, ќе го предводи нападот на Беса во следната сезона. Оваа по малку сензационална вест докажува дека дебитантот во ПМФЛ и тоа како не се шегува. Елези во минатата сезона играше за Локомотива Загреб, а познато е дека е “дете“ на Шкендија и рекордер во ПМФЛ кој со само 16 години и еден ден дебитираше за Шкендија и постигна гол.
Со Елези во нападот тимот на Александар Таневски и тоа како ќе добие на квалитет, Сепак не се знае уште дали ќе дојде како позајмен играч или со слободни документи.