Денеска на ЕУРО: Почнува нокаут фазата, Италија против Швајцарија, “панцерите“ на мегдан со Данска!

246

Од денеска почнува она вистинското на ЕУРО 2024. Почнува нокаут фазата со првите два меча од осминафиналето. Во Берлин од 18 часот се среќаваат Швајцарија и Италија. Тоа ќе биде меч меѓу актуелните европски прваци кои и не покажаа којзнае што во групната фаза и жилавите Швајцарци. Реално на прв поглед момците на селекторот Лучиано Спалети се фаворити, посебно ако се знае дека Италија токму во нокаут фазата е опасна и знае да отиде далеку, многу далеку, дури и до финалето.

Од друга страна ако може некој да го детронизира европскиот првак, тоа секако дека Швајцарија. Искусна, стабилна екипа која знае што сака и која знае до тоа што го сака како да дојде.

Ова веројатно ќе биде меч кој ќе се решава со еден потег, еден кикс, можеби и пеналите ќе бидат во “игра“.

Image

Спалети поради картони не може да смета на Калафиори, својот најдобар поединец од групната фаза.

Во Дортмунд од 21 часот играат Германија и Данска. Соседско дерби, репрезентации кои на тоа ЕП во 1992 играа меѓусебе и победи Данска.

Да, Германија е силна, тргна еуфорично и ја “згази“ Шкотска, но подоцна се виде дека четата на Нагелсман и тоа како има проблеми, не е непобедлива.

Данска пак се провлече во групата, без ниту една победа се пласира во нокаут фазата. Се чини дека Данска има потенцијал за многу повеќе од тоа што го видовме досега, но како против “панцерите“, тоа е проблемот за Данците.

Та нема да игра за Германија поради картони, Рудигер е под знак прашалник, а кај Данците нема да го има Хјулманд поради картони.

Image

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024 – ОСМИНАФИНАЛЕ

18:00 Ч

БЕРЛИН: ШВАЈЦАРИЈА – ИТАЛИЈА

21:00 Ч

ДОРТМУНД: ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА

ПретходноЗа дивеењето во Германија, англиските хулигани добија казна во својата земја
СледноСкалони заработи суспензија од еден меч, причината е бизарна