Шест навивачи на Англија добија забрана за учество во фудбалски натпревари поради нивната вмешаност во немири пред натпреварот на ЕП меѓу Англија и Србија, јавува Би-Би-Си.
Натпреварот од првото коло од групната фаза на Европското првенство се одигра во Гелзенкирхен на 16 јуни и заврши со победа на Британците со резултат 1:0. Пред натпреварот, на улиците на градот имаше судири меѓу симпатизери на репрезентациите на Англија и Србија.
Забраната за натпревари ја изречеа припадниците на британската фудбалска полиција кои соработуваат со германските власти за време на Европското првенство. За време на забраната, навивачите нема да можат да присуствуваат на натпреварите на домашните англиски шампионати.