Копа Америка продолжи со натпреварите од второто коло од групата Д, а синоќа немаше изненадувања, фаворитите беа повеќе од сигурни и забележаа убедливи триумфи.
Колумбија обезбеди пласман во четвртфиналето на коло пред крајот на групната фаза.Колумбијците со сигурни 3:0 ја совладаа Костарика во меч во кој на теренот имаше само една екипа.
Колумбија поведе со 1:0 со голот на Дијаз од пенал во 31. минута, Санчез стрелаше во 59. и Кордоба во 62. минута од натпреварот.
Бразил се налути и по киксот во првото коло и ремито 0:0 против Костарика, синоќа го совлада Парагвај со резултат 4:1.
Стрелци за Бразил беа Винисиус Жуниор во 35. минута, Савио во 43. минута, Винисиус Жуниор во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме и Паке од пенал во 65. минута.
Алдерете го постигна почесниот гол за Парагвај во 48. минута, а Парагвајците го завршија мечот со играч помалку бидејќи Кубас доби црвен картон во 81. минута.
Така во групата Д Колумбија е лидер со шест бода, тие пред крајот обезбедија пласман во четврт-финалето.
Бразил има четири бода, Костарика има еден бод, Парагвај нема бодови.
Бразил е блиску до нокаут фазата и во последното коло игра со Колумбија и доволен му е бод, Костарика игра против Парагвај и се уште има математичка шанса за четвртфинале.
Копа Америка Група Д 2 коло:
Колумбија – Костарика 3:0
Бразил – Парагвај 4:1