Некогашниот репрезентативец на Германија, Лотар Матеус го прогласи Марсел Сабицер за најдобар играч на досегашниот дел од Евро 2024 година.
30-годишниот играч од средниот ред беше прогласен за најдобар играч на натпреварот меѓу Австрија и Холандија (3:2), а брилјираше и на претходните две средби. Тој го постигна победничкиот гол на мечот со „лалињата“.
„Мој играч на турнирот во моментов е Марсел Сабицер. Го видов како игра во живо во Берлин за време на победата над Холандија со 3-2. Неговата брзина, неговата леснотија во играта, неговата грациозност, начинот на кој комуницира со соиграчите, начинот на кој работи во одбрана, брзината со која ја движи топката – ретко сум го видел таков играч. Неверојатно, дури и играчите од австриската лига кои имаат мало меѓународно искуство се импресивни во составот на Австрија под водство на Рангник. Задоволство е да ги гледаш“, вели Матеус.