Оставка од 1.000.000 евра, Пикси не се откажува од Србија?

1159

Во екот на шпекулациите за идниот статус на Драган Стојковиќ Пикси, кој се уште е селектор на српската фудбалска репрезентација, се појави интересна информација.

Спортскиот клуб пренесува дека Стојковиќ не планира да поднесе оставка по елиминацијата од групната фаза на ЕП во Германија, а доколку го направи тоа би го чинело дури 1.000.000 евра.

Имено, толку вреди еднострано раскинување на соработката од двете страни, па во тој случај Стојковиќ би можел да биде без вкупно речиси 2.000.000 евра, вклучувајќи ја смената.

Веднаш по елиминацијата во Германија почнаа најавите дека Србија наскоро и официјално ќе остане без селектор, а ФСС ги разгледува сите потенцијални кандидати за наследник на Драган Стојковиќ, кој има важечки договор со Фудбалскиот сојуз на Србија до 2026 година.

Под водство на 59-годишниот Нишлија, репрезентацијата на Србија првпат по 24 години се пласираше на СП 2022 во Катар и на ЕП 2024 година, но не направи голема бумка во овие две натпреварувања.

ПретходноСкалони заработи суспензија од еден меч, причината е бизарна
СледноПелистер се засили со тројца фудбалери