Пелистер се засили со тројца фудбалери

1142

ФК Пелистер и официјално се засили со тројца нови фудбалери кои ќе помогнат во остварување на зацртаната цел на клубот во престојната сезона.

Виктор Серафимовски, досегашен фудбалер на ФК Силекс ќе го засили средниот ред на тимот. Станува збор за фудбалер кој зад себе има огромно прволигашко искуство во повеќе македонски клубови.
Филип Тодороски кој важи за еден од најталентираните млади офанзивни играчи за врска во Македонија, и играч кој може да настапува и на крилните позиции. Тодороски ни доаѓа од редовите на Воска Спорт, а со младинската екипа на Победа настапуваше и во младинската Лига на шампиони.
Дамјан Масевски е млад фудбалер кој доаѓа од редовите на ФК Охрид и настапува на напаѓачката позиција.

Тројцата в понеделник на прозивката на екипата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

ПретходноОставка од 1.000.000 евра, Пикси не се откажува од Србија?
СледноЧелзи ја плати клаузулата за талентот на Барса