Попладнево под Шара, во пријателски меч домашната Шкендија со 4:0 ја декласира косовска Дрита. Ова беше четврти контролен меч за избраниците на тренерот Јетон Беќири и трета победам, најубедлива до сега.
Шкендија дојде во водство со голот на Адеми во 30.минута, а само осум минути подоцна Решат Рамадани зголеми на 2:0. Со тој резултат се замина на пауза.
А во второто полувреме уште два гола на тетовци. Шаља во 57. и Каба Јакупи беа стрелци за тие конечни 4:0.