Турнир во пинг понг од светски ранг ќе се одржи во Скопје во септември

33

Одлична веста – WTT Youth Star Contender пинг понг натпревар од светски ранг ќе се одржи од 4-ти до 8-ми септември во Скопје, с.ц. Јане Сандански.

Пинг понгарската федерација на Македонија повторно го организира овој престижен натпревар на кој се очекуваат најдобро рангираните светски играчи во категориите до 15 и 19 години. На натпреварoт ќе имаме учесници и од Македонија.

На 4-ти и 5-ти септември ќе се одржат натпреварите во машка конкуренцијата. Третиот ден, 6-ти септември, е резервиран за мешани двојки, а на последните два дена ќе ги проследиме девојките.

Минатата година Скопје беше домаќин на еден ваков турнир, додека Федерацијата во јануари годинава одржа Европско првенство.

ПретходноАстон Вила го урна летниот рекорд
Следно„Мундо Депортиво“: ПСЖ понуди 250 милиони евра за Јамал!