Фасулева направи трансфер во БиХ, Ричлиева оди во Финска

150

Летниот трансфер период за одбојкари во Европа е во полна сила. Во досегашниот дел од летото, само две македонски интернационалки потврдија дека ја менуваат средината, додека останатите наши одбојкари кои имаат завршени договори со своите клубови, се уште тактизираат и веројатно ги чекаат најдобрите понуди.

Според потврдените информации, Ана Фасулева која минатата сезона го носеше дресот на албански Скендербег, следната сезона ќе игра во Босна и Херцеговина. Таа уште на крајот на мај потврди дека се договорила со босанскиот клуб Орашје, член на босанската Премиер лига. За Фасулева ова е шести клуб во нејзината интернационална кариера.

Нов клуб има и нашата репрезентативка Софија Ричлиева. Таа пред две недели го потврди трансферот во Финска. Нов клуб на репрезентативниот техничар ќе биде клубот Џими Волеј. Минатата сезона Ричлиева ја помина во Хрватска како дел од екипата на ОК Брда.

ПретходноБањаја доминантно до пол-позиција и рекорд на Аспен
СледноШок за Наполи: Квича го одби 5-милионскиот договор кој му го понуди Де Лаурентис