Челзи ја плати клаузулата за талентот на Барса

1189

Челзи ги заврши сите потребни формалности и потпиша со младиот Марк Гују.

„Сините“ на Барселона и платија 6.000.000 евра колку што беше откупната клаузула во договорот на талентираниот фудбалер.

Гују ги помина лекарските прегледи во Лондон и потпиша договор до јуни 2030 година. Се очекува лондонскиот клуб да го потврди неговото доаѓање во текот на денот.

Гују има 18 години и помина низ јуниорските категории на Барселона.

Минатата сезона тој дебитираше во првиот тим под водство на Чави Хернандез, но поради подобрите финансиски услови реши да се пресели во Лондон.

ПретходноПелистер се засили со тројца фудбалери
СледноНовиот спонзор на Вардар нема „игри на среќа“!