Какво фантастично издание на Швајцарија денеска во Берлин во првиот меч од осминафиналето. Успеа да ја надигра Италија во целост и да ја победи со 2:0 и со тоа да ја прати дома. Ова значи дека Европа ќе добие новб првак, толку беше од четата на стратегот Лучијано Спалети.
Интересно, Италија може да биде и задоволна од овој резултат, според шансите Швајцарија требаше и можеше да дојде до поубедлива победа. Стрелци на головите беа Фројлер во 37.минута, а Варгас во 46.минута го постигна еден од најубавите голови досега на ова ЕП.
Се започна со иницијатива на Швајцарија, се виде на почеток дека моцмите на селекторот Јакин посакуваат на оваа средба да победат, у решени се пред се тоа да го сторат.
За 1:0 стрелаше Фројлер во 37.минута и тоа беше шестиот стрелец на шестиот гол на ЕП за Швајцарците. Сосема заслужено водство ако се знае дека на Олимпискиот стадион во Берлин, Швајцарија беше подобра. Избраниците на Јакин во 24.минута преку Емболо имаше зицер, но Донарума фантастично одбрани. Во 45.минута по ударот на Ридер, токму Донарума уште еднаш спасуваше.
Само што започна второто полувреме, Варгас со супер гол зголеми на 2:0, и со тоа се чини ги скрши „аѕурите“. Подоцна тие се обидуваа да дојдат до гол, да го свртат мечот во своја корист. Но бадијала, сепак Скамака во 74.минута ја погоди стативата на Зомер. Во тие моменти Швајцарија почна да калкулира.
Во 1/4 финалето Швајцарија ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Англија и Словачка.
🚨 GOAL: Switzerland 2-0 Italy!
SWITZERLAND’S LEAD IS DOUBLED BY VARGAS! WHAT A FINISH! 🇨🇭 pic.twitter.com/7Lgu0l9bn6
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 29, 2024