„Мундо Депортиво“: ПСЖ понуди 250 милиони евра за Јамал!

208

Францускиот шампион ПСЖ е подготвен да го направи крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Веста денеска ја објави весникот Мундо Депортиво.

Според изворот, раководството на актуелниот шампион на Франција е подготвено да и понуди на Барселона 250 милиони евра за трансфер на 16-годишниот шпански вундеркинд.

Каталонскиот клуб не е подготвен да се раздели со Јамал под никакви услови, но со оглед на финансиската состојба на „блауграна“, раководството на шпанскиот клуб може да се премисли во иднина. Актуелниот договор на играчот со Барселона е до 30 јуни 2026 година, а неговата реална трансфер цена во моментов е околи 90 милиони евра.

ПретходноТурнир во пинг понг од светски ранг ќе се одржи во Скопје во септември
СледноВерстапен победи и на спринтот во Австрија