Се чини дека Шпанија досега на ова ЕУРО покажа најмногу. “Фуријата“ со три победи на исто толку мечеви се пласира во осминафиналето, каде во недела против Грузија не би требало да ја мине првата пречка во нокаут фазата.
И кога е така, а така е, тогаш атмосферата во таборот на селекцијата на Шпанија со право е фантастична.
Доказ за тоа е урнебесниот коментар што го даде Феран Торес за младиот и фантастичен Ламине Јамал по повод законот во Германија дека “деца“ до 16 години не смеат да работат, односно да играат фудбал после 23 часот:
“Што прави овде ова 16-годишно дете, треба да му забранат да игра. Јас ќе го пријавам во полиција, но после 14 јули, претходно нека ни помогне да го освоиме првенството“ во шега истакна Торес.