Италија, која ја освои титулата на Европското првенство во 2021 година, веќе во осминафиналето го заврши натпреварувањето на континенталниот шампионат во Германија. Шајцарија изненадувачки, но заслужено славеше со 2-0.
“Им се извинуваме на сите. Разочаравме, а Швајцарија заслужи да оди во четвртфиналето. Се мачевме цел натпревар. Изгубивме премногу топки во првото полувреме. Беше тежок, многу тежок натпревар, недостигаше се, па дури и квалитет. Одигравме лошо прво полувреме, бидејќи тие ја чуваа топката. Моравме подобро да го започнеме вториот дел, а потоа го примивме вториот гол. Бевме разочарани, тоа мора да го прифатите“, изјави Донарума по мечот.