Американскиот кошаркар Клеј Томпсон нема да ја продолжи соработката со Голден Стејт Вориорс.
Томпсон и Вориорс немаат речиси никаква комуникација од отворањето на преодниот рок пред речиси две недели, пишуваат тамошните медиуми.
BREAKING: Warriors are “preparing to lose” Klay Thompson in free agency, per @ShamsCharania pic.twitter.com/XwB7vS4M20
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 29, 2024
Се очекува меѓу најсилните кандидати за неговиот потпис да бидат Лос Анџелес Лејкерс, Клиперс, Далас Маверикс.
За време на неговиот престој во Голден Стејт, тој освои четири шампионски прстени.