Леброн Џејмс се откажа од договорот вреден 51,4 милиони долари со Лејкерси, но наводно е подготвен да прифати помалку пари доколку франшизата ги доведе Џејмс Харден или Јонас Валанчиунас.
Најдобриот стрелец на сите времиња во НБА лигата би сакал играчи како гореспоменатите Харден и Клеј Томпсон да му станат соиграчи. Доколку Лејкерси не успеат да потпишат едно од тие имиња, тој ќе бара тригодишен максимален договор вреден 162 милиони долари, изјави неговиот агент Рич Пол.
Минатата сезона, 39-годишниот Џејмс имаше просек од 25,7 поени, 8,3 асистенции и 7,3 скока.