Алкараз му се восхитува: Новак е супер човек, тоа му го кажав во лице

240

Карлос Алкараз, актуелниот победник на Вимблдон, тренираше во Лондон со Новак Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во понеделникот и признава дека останал во шок. Најдобриот тенисер на сите времиња се врати на теренот по неполни три недели и многумина не можеа да веруваат дека тој ќе може да игра толку брзо.

„Новак секогаш ќе го ставам на листата на фаворити. Од една страна ме изненади фактот што е тука, во Лондон, но воопшто не сум изненаден, бидејќи сите знаеме како се грижи за себе, како се храни, како се одмара од натпреварувањето.

Пред некој ден му кажав дека тоа што го прави, го прават супер луѓето. За две и пол недели тој веќе игра сетови на многу високо ниво. Тој веќе покажа дека се опоравува исклучително добро“, изјави Шпанецот.

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа пет меча еден против друг и навистина е штета што годинава не направија спектакл. Лани имаа дури четири меча, од кои два навистина големи, во полуфиналето на Ролан Гарос кога победи Новак и во финалето на Вимблдон кога победи Алкараз. Беше тоа многу „близок“ дуел и многумина се надеваат дека Ноле би можел да добие шанса за реванш овој јули.

ПретходноДенеска на ЕУРО: Ќе заигра ли Англија како што треба? Моќната “фурија“ против Квича и компанија! (ФОТО)
СледноРеал продава фудбалер кој во девет години одигра 31 меч