Алкараз: Секој ден ги гледам натпреварите на Федерер, Новак, Рафа и Мареј

110

Актуелниот шампион на Вимблдон и моментално трет светски рекет, Карлос Алкараз изјави дека секојдневно гледа видеа од настапите на некогашната голема тениска четворка Федерер, Енди Мареј, Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Нема да лажам, ги гледам секој ден. Исто така ги гледав и моите натпревари од минатогодишниот Вимблдон за да видам што направив и како. Движење на теренот, удари, сакам да играм исто како и лани“, изјави Алкараз.

137-то издание на Вимблдон стартува утре.

ПретходноРасел победи во Австрија благодарение на судирот меѓу Верстапен и Норис
СледноНовиот имиџ на Грилиш