Аспиликуета oстанува, а четворица си заминаа од Атлетико (М)

734

Раководството на Атлетико Мадрид и Сезар Аспиликуета си подадоа рака за продолжување на договорот. Новиот договор со 34-годишниот Шпанец е за уште една сезона.

Аспиликуета минатата сезона имаше 25 настапи во Ла Лига за Атлетико Мадрид, реализирајќи  две асистенции.

Во меѓувреме Атлетико се раздели со четворица фудбалери. Дефанзивците Габриел Паулиста и Марио Хермосо, како и напаѓачите Мемфис Депај и Витоли го напуштаат „Метрополитано“.

ПретходноБелингем даде гол со ножички во 95 минута ја спаси Англија од елиминација (видео)
СледноБезидејна Англија се протна во четвртфиналето (видео)