Репрезентацијата на Англија е третиот осминафиналист на Европското првенство што се одржува во Германија откако во исцрпувачки меч по продолженијата ја елиминира Словачка. Резултатот на крајот 2:1 за „Гордиот Албион“ иако Словаците беа пред победа во регуларниот дел.
Со голот на Шранц во 25 минута Словаците поведоа. ГОЛОТ НА ШРАНЦ НА ОВОЈ ЛИНК
На почетокот на второто полувреме Фоден постигна гол кој беше поништен поради офсајд. Словаците имаа водство се до петтата минута од судиското продолжение, а тогаш Џуд Белингем со ножички постигна гол за изедначување и продолженија.
ГОЛОТ НА БЕЛИНГЕМ НА ОВОЈ ЛИНК
А во првото продолжение по една акција на Англија по која Езе ја префрли топката со глава до Кејн, а капитенот ја смести во мрежата. Тој гол се покажа како победнички.
Англија во четвртфиналето ќе играат со Швајцарија на 6 јули во Дизелфорд.