Донарума: Разочаравме! Им се извинуваме на сите!

148

Италија, која ја освои титулата на Европското првенство во 2021 година, веќе во осминафиналето го заврши натпреварувањето на континенталниот шампионат во Германија. Шајцарија изненадувачки, но заслужено славеше со 2-0.

“Им се извинуваме на сите. Разочаравме, а Швајцарија заслужи да оди во четвртфиналето. Се мачевме цел натпревар. Изгубивме премногу топки во првото полувреме. Беше тежок, многу тежок натпревар, недостигаше се, па дури и квалитет. Одигравме лошо прво полувреме, бидејќи тие ја чуваа топката. Моравме подобро да го започнеме вториот дел, а потоа го примивме вториот гол. Бевме разочарани, тоа мора да го прифатите“, изјави Донарума по мечот.

ПретходноПо испаѓањето на Италија, на интернет се врти изјавата на Анчелоти пред стартот на ЕУРО
СледноСветското првенство во Скопје завршува со голема пресметка во финалето