Пеко Бањаја шампионски и на ГН на Холандија

101

Трикратниот светски шампион Франческо Бањаја славеше во шампионски стил на денешната трка за Големата награда на Холандија. Во рамките на осмата трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП, Италијанецот имаше нова апсолутна доминација, откако вчера победи и на спринтот.

На патеката на која пред осум години ја забележа првата победа во кариерата, возачот на Дукати стигна до третата победа во низа, а воедно и петта сезонава откако водеше од почеток до крај.

Втор заврши Хорхе Мартин на Прамак Дукати, а трет Бастианини од Дукати Леново.

ПретходноНоа Лајлс е во страшна форма, оди на четири злата на ЛОИ во Париз
СледноШмајхел разочаран: 23 години играм фудбал и сѐ уште не ги знам правилата