„Фуријата“ во вториот дел ja разнесе Грузија и ќе игра со Германија во четвртфиналето (видео)

428

Репрезентацијата на Шпанија е патник во четвртфиналето на ЕП 2024 откако вечерва на „Рајн Енерџи“ стадионот во Келн ја совлада Грузија со 3:1.

Шпанците влегоа како фаворити, но дебитантот Грузија покажа заби па дури и поведе, но во вториот дел потклекнаа.

Поведоа Грузијците во својата прва акција на половината на Шпанија. Нафрли Какабадзе, а дефанзивецот Ле Норманд притиснат од Кварацкелија го погоди својот гол (ПОГОДОКОТ НА ОВОЈ ЛИНК). Во меѓувреме голманот на Грузијците, Мамардашвили имаше две убави интервенции и го сочува голот се до 39 минута кога не можеше да спаси.
Шутот на Родри не успеа да го скроти грузискиот голман (ПОГОДОКОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Шпанија доминира на теренот, Грузијците чекаат од контра да ги нападнат Шпанците.

Мамардашвили му одбрани слободен удар на Јамал во 50 минутаа, а во продолжение на акцијата  Фабијан Руиз погоди за пресврт (ГОЛОТ НА РУИЗ НА ОВОЈ ЛИНК). Во финишот „Фуријата“ ја запечати убедливата победа, прво погоди Нико Вилијамс (ГОЛОТ ОВДЕ), а потоа и Даниел Олмо за конечни 4:1 (ГОЛОТ ОВДЕ).
Во четвртфиналето Шпанија ќе игра против Германија на 5 јули во Штутгарт.

ПретходноБелингем: Се надевам дека мојот гол ќе ги промени работите за следниот меч
СледноРемито без голови го остави Мексико во солзи