Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за ГН на Австрија на Ред Бул Ринг која се возеше денеска. Трката беше обележана со инцидент во 64-от круг во кој учествуваа шампионот Макс Верстапен и Ландо Норис од Мекларен, по што и двата болиди претрпеа оштетувања и возачите загубија каква било шанса за победа.
Расел целта ја мина 1,9 секунди порано од второпласираниот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, додека подиумот го комплетираше возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор.
Џорџ триумфираше по втор пат во својата кариера во Формула 1 – откако претходно славеше победа на Големата награда на Бразил во 2022 година.
Четвртото место го зазеде седумкратниот шампион Луис Хамилтон, а меѓу оние ки освоија бодови се најдоа и Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Кевин Магнусен, Даниел Рикиардо и Пјер Гасли.