Тиквеш се засили и со Мики Петровиќ!

1132

Кавадарчани продолжуваат да се засилуваат во пресрет на историскиот настап во фудбалска Европа и за следната сезона на домашната сцена. Како што дознаваме Тиквеш го договори и Мики Петровиќ, останува само уште промоцијата.

Ова значи дека искусниот играч за врска по цели 15 години се враќа во својот матичен клуб, ако се знае дека тој е роден кавадарчанец. Секако дека со Петровиќ ростерот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе биде уште поголем и поквалитетен.

Инаку Петровиќ во своите најдобри денови имаше и девет настапи за нашата А репрезентација. Покрај Тиквеш тој играше и за Победа, Работнички, Вардар, додека надор од Македонија играше за клубови од Србија, Грција,Хрватска, Романија, Црна Гора. Инаку во минатата сезона играше на Малдиви.

ПретходноШок за Англија – Шранц носи водство за Словачка (видео)
СледноФранција е новиот светски јуниорски шампион (ФОТОГАЛЕРИЈА)