Њукасл продаде двајца играчи, а донесе Грк на голот

1029

Њукасл договори продажба на двајца фудбалери, а купи нов голман. „Страчките“ се принудени да направат некои продажби до крајот на месецот за да ги балансираат финансиите во извештајот за пред раководството на Премиер лигата.
Кон Брајтон заминува 19-годишниот интернационалец од Гамбија, Јанкуба Минте кој минатата сезона играше како позајмен во Феенорд. Њукасл за него ќе добие 33 милиони фунти.
Играчот од средниот ред Елиот Андерсон ќе премине во Нотингем Форест за 35 милиони фунти, а во зделката за 21-годишниот фудбалер ќе биде вклучен и голманот Одисеас Влахомидос. Гркот од Нотингем ќе му се приклучи на Њукасл.

ПретходноВест Хем го испрати Бенрама во Лион, а притисна за грузиската сензација
СледноБелингем: Се надевам дека мојот гол ќе ги промени работите за следниот меч