Раководството на Атлетико Мадрид и Сезар Аспиликуета си подадоа рака за продолжување на договорот. Новиот договор со 34-годишниот Шпанец е за уште една сезона.
Аспиликуета минатата сезона имаше 25 настапи во Ла Лига за Атлетико Мадрид, реализирајќи две асистенции.
Во меѓувреме Атлетико се раздели со четворица фудбалери. Дефанзивците Габриел Паулиста и Марио Хермосо, како и напаѓачите Мемфис Депај и Витоли го напуштаат „Метрополитано“.
𝔸𝕍𝔼, ℂ𝔼𝕊𝔸ℝ pic.twitter.com/qdtTsoVmWx
— Atlético de Madrid (@Atleti) June 30, 2024