По испаѓањето на Италија, на интернет се врти изјавата на Анчелоти пред стартот на ЕУРО

10577

Во првиот натпревар од нокаут фазата на Европското фудбалско првенство во Германија, Швајцарија рутински ги совлада Италијанците во осминафиналето со резултат 2:0. Актуелните европски шампиони се простија од турнирот и следната недела ќе добиеме нови. Швајцарија во четвртфиналето ќе игра со Англија или Словачка.

Сите италијански медиуми жестоко удирија по играта на нивната репрезентација, а по испаѓањето на интернет вирално стана клип од интервјуто на Карло Анчелоти пред почетокот на турнирот.

Во него со една единствена реченица ја погреба својата репрезентација, а сега навивачите ја пренесуваат како големо пророштво. Анчелоти во споменатото интервју изјави дека едвај чека да види како ќе игра Германија на домашен терен. Новинарот потоа го праша: „А што е со Италија?“, а Анчелоти само одговори: „Што со неа?

ПретходноСупер Лаутаро Мартинез продолжува да блеска во отсуство на Меси (ВИДЕО)
СледноДонарума: Разочаравме! Им се извинуваме на сите!