Реџеп Хајдари е победник на 48. Македонски Бисер

190

Македонскиот борач Реџеп Хајдари е победник на 48. Македонски бисер одржан во Кочани. Во категоријата до 92 килограми, Хајдари дојде убедливо до победа во финалето над Албанецот Данај со 10:0 и според прикажаното го заслужи трофејот.

За најдобар домашен борач е прогласен Стефан Штерјов, а Егзон Џони од Косово е најдобар странски борач.

На турнирот учествуваа 29 борачи од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Албанија и Еквадор.

ПретходноБарселона се поздрави со Феликс и Кансело, си замина и Маркос Алонсо
СледноОФИЦИЈАЛНО: Даглас Луиз е нов играч на Јувентус