Кавадарчани продолжуваат да се засилуваат во пресрет на историскиот настап во фудбалска Европа и за следната сезона на домашната сцена. Како што дознаваме Тиквеш го договори и Мики Петровиќ, останува само уште промоцијата.
Ова значи дека искусниот играч за врска по цели 15 години се враќа во својот матичен клуб, ако се знае дека тој е роден кавадарчанец. Секако дека со Петровиќ ростерот на стратегот Ѓорѓи Мојсов ќе биде уште поголем и поквалитетен.
Инаку Петровиќ во своите најдобри денови имаше и девет настапи за нашата А репрезентација. Покрај Тиквеш тој играше и за Победа, Работнички, Вардар, додека надор од Македонија играше за клубови од Србија, Грција,Хрватска, Романија, Црна Гора. Инаку во минатата сезона играше на Малдиви.