По првите 45.минути во дербито на денот, дербито на осминафиналето, Франција и Белгија играат без голови во Дизелдорф. Треба да се каже дека “триколорите“ беа поблиску до водство, имаа повеќе од играта, имаа и неколку шанси, посебно вреди да се истакне онаа на Турам во 34.минута кога шутираше за малку покрај голот на противникот. Исто и Чуамени двапати шутираше.
Белгија имаше неколку закани, најопасно по голот на Мањан беше во 24.минута кога Де Брујне шутираше.