Астон Вила се засили со дуо на Јувентус

837

Англискиот премиерлигаш Астон Вила објави дека потпишал договори со двајца фудбалери на Јувентус – Енцо Баранечеа и Самуел Илинг џуниор. Баранечеа ја почнал кариерата во родната Аргентина, а во Европа доаѓа во Сион од Швајцарија и во 2020 година се сели во Јувентус. Минатата сезона ја помина на позајмица во Фросиноне. Инаку тој е дефанзивен играч за врска.
Илинг џуниор, кој е роден во Лондон, ја почна кариерата во Челзи пред да отиде во Јувентус во 2020 година. Неговата позиција е дефанзивец, а игра за У21 тимот на Англија.
Неофицијално Астон Вила за двајцата платила 22 милиони евра.

ПретходноРК Бутел го потпиша кадетскиот репрезентативец Новаковски
СледноМбапе: Ужас е да се игра со маска